Достапни линкови

Грција не е подготвена на компромис за името


Флоријан Бибер, директор на Центарот за европски студии на Универзитетот во Грац - Австрија.

Флоријан Бибер, директор на Центарот за европски студии на Универзитетот во Грац - Австрија.

За натамошното проширување на Европската унија постојат два проблема. Едниот е опаднатото расположение за тој процес во Унијата, а вториот е немањето начини за решавање на билатерланите спорови. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го вели Флоријан Бибер, директор на Центарот за европски студии на Универзитетот во Грац, кој не верува дека Грција е во состојба да направи отстапка.

За надминување на првиот проблем, односно тоа што земјите членки на Европската унија сега не се расположени за проширување, Флоријан Бибер во интервјуто со дописникот на Радио Слободна Европа Бранка Тривиќ, вели дека е оптимист, бидејќи еден ден економската криза ќе мине и тогаш ќе има поинаква атмосфера. Тој прецизира дека вториот проблем е во тоа што Европската унија се уште не најде начин како да го реши проблемот меѓу Србија и Косово, како и проблемот со Македонија.
Кога станува збор за Македонија за да се дојде до преговори е потребен компромис, но не гледам дека Грција сега е во состојба да направи таков исчекор, особено не со премиер кој во голема мера е одговорен за спорот пред дваесет години.

Кога станува збор за Македонија за да се дојде до преговори е потребен компромис, но не гледам дека Грција сега е во состојба да направи таков исчекор, особено не со премиер кој во голема мера е одговорен за спорот пред дваесет години. Во економска криза националистите ги добиваат изборите, така што Грција не е подготвена да прави компромиси.

Флоријан Бибер додава дека во контекст на економската криза во Европската унија е евидентна тенденцијата за опаѓање на солидарноста внатре во Унијата што и влијае врз процесот на проширувањето. Тоа, според него, се изразува така што многу земји, особено соседи на Западен Балкан, го користат тој процес за да инсистираат на своите инетереси.

Грција тоа постојано го правеше и мислам дека загуби многу легитимитет во Европската унија. Таа тоа го користи и натаму, но тоа е само краткорочно успешно, додека долгорочно, тоа може да води до перцепција дека таа земја е егоистична и оти не го гледа заедничкиот интерес.
Гледаме како Грција ја забавува Македонија, а имавме конфликт и меѓу Словенија и Хрватска, па дури и Романија и Србија. Гледаме процес на злоупотреба на моќта на една членка на Унијата спрема земја која тоа не е, при што нема рамнотежа.

Тоа, како што наведува Бибер, не е легитимно водење политика и оди на штета на земјата која ја злоупотребува својата позиција.

„Таа држава може да го користи своето членство против земја која не е членка, но мислам дека губи многу легитимитет внатре во Унијата“, вели тој.

Грција тоа постојано го правеше и мислам дека загуби многу легитимитет во Европската унија. Таа тоа го користи и натаму, но тоа е само краткорочно успешно, додека долгорочно, тоа може да води до перцепција дека таа земја е егоистична и оти не го гледа заедничкиот интерес.

Затоа, како што вели Флоријан Бибер во интервјуто за Радио Слободна Европа, земјите не треба да бидат оценувани врз основа на нивните билатерални спорови, туку врз база на целокупниот процес на нивните реформи.

Го гледаме тоа и во извештајот на Европската комисија, имено дека билатералниот спор со Грција не би требало да биде дел од процесот за проширување и оти Македонија веќе би требало да ги почне пристапните преговори со Европската унија. Значи тоа е лош пример кој ни зборува дека треба да бидеме загрижени и во поглед на другите билатерални спорови во Западен Балкан.

Наведува во интервјуто за Радио Слободна Европа Флориан Бибер, директор на Центарот за европски студии на Универзитетот во Грац, оптимистички додавајќи дека сепак, Европската унија извлекува лекции и искуствата од минатото.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG