Достапни линкови

Босанскиот суд осуди вахабист на 18 години затвор


Босанскиот суд изрече пресуда од 18 години за тероризам поради пукање во американската амбасада. Мевлид Јашаревиќ отври оган на амбасадата во Сараево во октомври 2011 година повредувајќи еден полицаец. Во видеотот што го имал претходно снимено, тој рекол дека сака НАТО да го напушти Авганистан и побара Босна да престане да ја малтретира неговата муслиманска секта. Тој и уште двајца негови придружници кои добиле ослободителни пресуди биле приврзаници на вахабизмот.
XS
SM
MD
LG