Достапни линкови

Клинтон и Лавров се состанаа околу Сирија


Американскиот државен секретар, Хилари Клинтон и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров се состанаа околу кризата во Сирија. На маргините на коференцијата за безбедност во Даблин, ним им се придружи и меѓународниот претставник, Лакдар Брахими кој рече дека не е направен никаков напредок, но дека ќе се бара креативно решение за излез од „ќор-сокакот“. Вашинготн и неговите сојузници бараат Башар Асад да се повлече. Русија пак смета дека решението не може да се бара надвор од Сирија.
XS
SM
MD
LG