Достапни линкови

logo-print

Продукти или Индивидуалисти


Стефан Алиевиќ, Студент на општа и компаративна книжевност и веб едитор во Младиинфо

Стефан Алиевиќ, Студент на општа и компаративна книжевност и веб едитор во Младиинфо

Човек лесно би можел да дојде до еден заклучок дека новите генерации кои излегуваат на површина се поделени на две различни групи на луѓе. Доколку се обидеме да направиме одредена груба типологија на младите во Македонија, зар не би можеле тогаш да повлечеме една дистинкција меѓу Продукти и Индивидуалисти?, пишува за РСЕ Стефан Алиевиќ, студент на општа и компаративна книжевност и веб едитор во Младиинфо.

По една внимателна опсервација направена врз младите и нивното однесување во изминатите години, човек лесно би можел да дојде до еден заклучок дека новите генерации кои излегуваат на површина се поделени на две различни групи на луѓе. Доколку се обидеме да направиме одредена груба типологија на младите во Македонија, зар не би можеле тогаш да повлечеме една дистинкција меѓу Продукти и Индивидуалисти? Дополнително, може да зборуваме и за една категорија на млади кои гравитираат меѓу двете гореименувани групи.
Кои се Продуктите, a кои Индивидуалците, а кои се оние во транзиција? Имено, сите се дел од генерацијата Y (оние родени помеѓу 1980 и 1990). Овие генерации (или поточно НИЕ) ја имаат можноста да живеат во еден од најсофистицираните, најпрогресивните и најненасилните цивилизациски моменти. Генерацијата Y(why) е опишана како една од најљубопитните генерации – оние кои што постојано прашуваат зошто? Се носат со еден рецидив арогантност дека се подобри од нивните претходници, или веќе застарената генерација X. Генерацијата Y е предодредена да ги смени парадигмите во општеството; да донесе иновација на секое поле и да се бори за едно пофлексибилно и поекономично општество. Cамите ние треба да го кренеме својот глас.


Кои се Продуктите, a кои Индивидуалците, а кои се оние во транзиција? Имено, сите се дел од генерацијата Y (оние родени помеѓу 1980 и 1990). Овие генерации (или поточно НИЕ) ја имаат можноста да живеат во еден од најсофистицираните, најпрогресивните и најненасилните цивилизациски моменти. Генерацијата Y(why) е опишана како една од најљубопитните генерации – оние кои што постојано прашуваат зошто? Се носат со еден рецидив арогантност дека се подобри од нивните претходници, или веќе застарената генерација X. Генерацијата Y е предодредена да ги смени парадигмите во општеството; да донесе иновација на секое поле и да се бори за едно пофлексибилно и поекономично општество. Cамите ние треба да го кренеме својот глас. Останува прашањето дали во Македонија оваа априори одредена прогресивна генерација ќе биде запаметена понатаму како една изгубена генерација?

Нашата генерација е онаа сместена во една рамка на постмодерната епоха како што ја опишуваат книжевниците или во рамките на една прекумерно развиена поп култура каде настани од типот на отворањето на новиот City Mall во Скопје беше посебен феномен и сите мораа да седнат барем еднаш на пијалок во новоотворените кафулиња. Што наложува поп-културата или тој mainstream? Ништо друго освен тоа да бидеме како Продукти и да знаеме што има најново по излозите, да се чекираме на Facebook од новиот City Mall и секако да се запишеме на факултет чисто од самата причина да бидеме запишани на факултет. Тука, мора да го спомнам и оној фамозен билборд кој што го рекламира новиот City Mall: на него, една девојка и во балонче нејзината мисла Сакам СЕ`. Сите овие ситници од секојдневјето само го рефлектираат нашиот ограничен фокус кон материјалното и тоталното деградирање на она спиритуалното. Никој повеќе не сака да чита добри книги и да гледа квалитетни филмови. Едноставно, тоа не е in. Ета така може да стигнеме до дефинирањето на личност-ПРОДУКТ. Ни оддалеку оваа категорија млади нема претензии да ги следи главните карактеристики на генерацијата Y. Кога ќе излезат овие продукти од факултетските врати, тие се соочени со едно прашање, што понатаму, а сакаат се`? Како да најдам работа? Нема ништо за мене. Не ни ја бива земјата! Нема никакви можности за мене!

Работата нема да падне од небо, исто како што и само факултетска диплома не може да гарантира сигурно работно место. Денешните работодавци не сакаат само факултетска диплома. Критериумите бараат компетентеност и вештини во повеќе области, при што мнозинството успева да потфрли во осигурувањето на таквата компетентност. Оваа група на млади се чини дека не поседува особено чувство да расте во духот на она што навистина треба да биде репрезент на генерацијата Y. Тие не се гледаат себе си во лидерската позиција; нечиј глас тука се чини изгубен. Ја прифаќаат реалноста онаква каква што им се нуди и нивниот однос кон неа е индиферентен. Да се задоволат критериумите за успех кај овие млади е да се прифати улогата на просечен граѓанин, а тоа не е најдобрата насока . Општеството каде дефилираат таквите субјекти не доживува брз прогрес.
Од еден друг агол истовремено, зар оваа генерација не е и една жртва на софистицираниот, туку-речи виртуелен свет кој “изеде“ многу од вистинските вредности во социумот.

Фактите наложуваат дека на едно глобално ниво има 1 милјарда млади луѓе, но само 300,000 работни места. Кој е нашиот процент во тие 300,000 работни места?Логично дека е сосема мал, а ние како колектив успеваме секогаш да обвинеме некој друг за проблемите како невработеноста, непросперитетноста, но никогаш не се вртиме кон самите себе си со прашањето: дали постои начин ние индвидуално да сториме нешто околу овие проблематики? Светот на можности не е баш некое недостижно место. Тој е тука, многу блиску; за старт можностите ги има на интернет. Така една моја пријателка е вистински репрезент на генерацијата Y -Хина Хазрат, која започна проект (The Youth Rеpublic) за младите од Индија и Пакистан, земји кои со децении имаат нарушени меѓусоседски односи. Хина ова го почна на свои 18 години и нејзиниот проект денес е еден од најпознатите кој навистина почна да ги менува односите меѓу младите од овие две земји во продуктивна насока.

Во дигиталното доба, добата на постмодерната и хипервлијателниот main-stream, секој може да биде тоа што ќе посака! Зошто тогаш ретко посакуваме да бидеме продуктивни и да придонесеме за општото добро? Тука е всушност и границата. Избираме да бидеме нешто што ќе не направи продукти на ова општество, живи битија кои што механички ќе повторуваат дека нема напредок и нема работа. Подобрата алтернатива е да бидеме индивдуалци и сами да ја креираме нашата реалност. Како стануваме индивидуалци? Еден индивидуалец нема да се запише на факултет од самата причина за да има запишано факултет и да го заврши. Индивидуалците нема да учат само за да поминат на испит; ќе учат за себе, за да израснат во една солидна и поинакво својаизградена личност. Понатаму, ќе се врзат и за други активности: волонтерство, блогирање, лов на стипендии, патувања, фотографирање и разноразни креативни хоби-активности. И тие навистина растат во поинакво свои личности. Разбирливо, тие се во помал број и не се in во очите на Продуктите. Во очите на мнозинството, тие се само бегалци , чудаци, бубалици, фрикови, гејови, секташи, несфатени (какви само амбалажи се тоа, слепени од најголемите амбалажи!). Тука е и таа меѓу-категорија на млади – тие имаат претензии и кон едните и кон другите. Надежно, тие прераснуваат во поинакво свои индивидуии – верувам најтешкиот предизвик на денешницата воопшто и тоа е сосема во ред.

Што да правиме со Продуктите? За нив простата математика од 2+2 е еднаква на 5. Тие никогаш не обрнуваат внимание, а се најбројни. Токму таа маса на луѓе ги прифаќа работите наивно и без да ги преиспита. Токму таа маса на луѓе самата се изолира себеси од светот. Веројатно, иднината лежи во рацете на оној кој ќе порасне во другата група, оној кој ќе се формира себе си во индивидуалец.

Индивидуалците се луѓето со идеи, меѓутоа идејата останува идеја ако не ја реализираме. Тие се оние кои решаваат да направат нешто и имаат визија и цел во својот животен пат; оној кој цврсто знае што САКА да направи во својот живот и ги прифаќа сите предизвици. Тие се оние кои сонуваат и ќе продолжат да сонуваат, а истовремено и работат на тоа да го остварат својот сон. Можеби ќе потрошат во мака многу години да стигнат до својата цел, но тие се оние цврсти карактери кои успеваат да донесат нешто ново и убаво. Понекогаш, сосем неправедно и нелагодно, тие се и оние невини жртви, со премногу бариери да стигнат до целта, сепак со малку среќа – таму се, на крајот; а секој крај – нов почеток, нови можности. Несомнено, индивидуалците имаат сосема поинаков поглед кон светот. Тие го гледаат светот како место каде може да придонесат и да ги сменат и унапредат нештата. Во нивното перцепирање на светот, не е клучна таа бариера дали некој им пружил можности или не. Тие ги гледаат сите недостатоци како можност во нив да го најдат своето место. Тие волонтираат, се ангажираат со активности кои се од социјално-бенефитен карактер; се борат против недостатоците. Индивидуалците се вистинските претставници на генерацијата У, тие се прогресивниот код во структурата на нашето општество.

Можеби не звучам inсо репортажата на тоа како јас ја восприемам мојата реалност и како јас ја гледам бинарната опозитност креирана од моите врсници, но сепак тоа е само мој личен поглед врз светот којшто ме опкружува. На крај драг читателу, зависи сосема од тебе кои патишта ТИ ќе ги одбереш во својот живот.
XS
SM
MD
LG