Достапни линкови

logo-print

ЕВРО 2020 ќе се игра во неколку европски држави


УЕФА денеска соопшти дека е донесе одлука европското фудбалско првенство во 2020 година да се оддржи во неколку европски градови наместо во една држава.
Генералниот секретар на УЕФА Џани Инфантино изјави дека одлуката е донесена на состанокот на Извршниот комитет. Идеата е на претседателот Михаил Платини, кој смета дека така ќе се поделат трошоците на неколку држави за организирање на првенството во време на економската криза. Домаќин на европското првенство 2016 ќе биде Франција.
XS
SM
MD
LG