Достапни линкови

Дачиќ:Србите од Косово ќе бидат вклучени во преговорите


Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека Србите од Косово ќе бидат вклучени во преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина, во преговарачките тимови и експертските групи, така што директно ќе работат по спорните прашања, како што е царината и регистарските таблици. Тој во интервју за српски медиум изјави дека со договорот за заедничко управување на aдминистративните пунктови се испочитувани сите барања на Србите од Косово и затоа нема причина за протести. Српскиот премиер истакна дека во Брисел било договорено заедничко управување да се воведе во четири гранични пункта Јариње, Брњак, Мердаре и Кончул. Тоа ќе стапи во сила до крајот на годината.
XS
SM
MD
LG