Достапни линкови

logo-print

Карзаи упати критика до САД и НАТО


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го критикуваше НАТО и САД за порастот на несигурноста во земјата. Во интервју за Ен- Би –Си Карзаи изјави дека покрај нападите на Талибанците дел од несигурноста која доаѓа од американските и НАТО структури во Авганистан. Тој додаде дека западните приватни безбедносни фирми и градежници се однесуваат недолично и предизвикуваат гнев и несигурност. Карзаи го обвини Вашингтон дека во изминатава година го нарушува договорот за стратегиското партнерство со Кабул со непочитувањето на авганистанскиот суверенитет.
XS
SM
MD
LG