Достапни линкови

logo-print

„Таксират“ и годинава ќе го преврти Скопје наопаку


Македонскиот музичар Кирил Џајковски.

Македонскиот музичар Кирил Џајковски.

Со нашите Кирил Џајковски и повратниците „ЧИСТА ОКОЛИНА“ како главни ѕвезди и интернационални артисти од типот на Паров Стелар, „Скиндред“, Че Судака и Тања Стивенс, во сабота на 8 декември, во „Метрополис арена“, ќе се одржи финалната вечер на фестивалот „Таксират“, една од најголемите музички манифестации во затворен простор што се одржуваат во овој дел на Европа

„Преврти го Скопје наопаку!“ е мотото и на годинешното, 14-то по ред, издание на фестивалот „Таксират“ од чија финална ноќ публиката вообичаено очекува и најмногу. А, овој пат, таквите очекувања треба да ги оправда програмата чија одлика е звуковната разноликост и музика која се движи од електро-свингот, преку метал-татнежите, репетитивноста на регето, до хип-хопот и миксот на непарните ритми со разулавените битови.
Настапи на фестивал кој што беше целосно брендиран со името на Кирил Џајковски и доаѓа на „Таксират“ токму презентирајќи го материјалот од неговото последно објавено и-пи издание, уште една гаранција за одлична забава.


За ова ќе се погрижат артистите како Паров Стелар од Австрија кого го нарекуваат „крал на електро-свингот“, „Скиндред“ - најдобриот концертен состав за 2011 според влијателниот магазин „Метал хамер“ кои ќе ја прекинат турнејата по САД за настапот во Македонија, „суд-американа-ворлдмјузик-панк бунтовниците“ - „Че Судака“, Јамајчанката Тања Стивенс како една од највлијателните жени во светот на реге музиката, често присутните „Ван Гог“ од соседна Србија и над сèнашиот Кирил Џајковски.
Бендот Че Судака.

Бендот Че Судака.


За него, Катерина Цветковска од „Пасворд продукција“, организатор на „Таксират“, вели дека е еден од најактивните и најуспешните електронски артисти, не само од нашава земја, туку и воопшто од Балканот. Таа дополнува дека е беспредметно да се споменуваат имињата на сите места каде што во последно време настапувал Кирил и по што тој и е препознатлив на домашната публика, но вели дека како посебност треба да се издвои неговиот перформанс во Нова Каледонија.
Ние не робуваме на некои шеми или на принципи дека мораме да објавуваме албум на секои три години или да имаме редовно концерти, така да сега дојде вистинскиот момент кога се поклопија желбата на публиката и нашата потреба повторно да се искачиме на сцена. Тие што од порано не знаат може да очекуваат многу енергија и добра журка, а останатите нека не проверат на „јутуб“.


„Настапи на фестивал кој што беше целосно брендиран со името на Кирил Џајковски и доаѓа на „Таксират“ токму презентирајќи го материјалот од неговото последно објавено и-пи издание, уште една гаранција за одлична забава.“

Од друга страна, посебен белег на ова издание на манифестацијата треба да му даде е настапот на култната скопска хип-хоп дружина „Чиста околина“ која по цели 11 години се враќа на Македонската музичка сцена.

„Ние не робуваме на некои шеми или на принципи дека мораме да објавуваме албум на секои три години или да имаме редовно концерти, така да сега дојде вистинскиот момент кога се поклопија желбата на публиката и нашата потреба повторно да се искачиме на сцена. Тие што од порано не знаат може да очекуваат многу енергија и добра журка, а останатите нека не проверат на „јутуб““, истакнува Самоил Петревски, еден од членовите на реобновената „Чиста околина“.

Тој дополнува дека своето шоу ќе го темелат на „класичните песни“ од нивниот репертоар и на новите кои настанале во периодот откако решиле своето враќање да го сторат на „Таксират“, фестивалот на кој пред повеќе од една декада го имаа последниот настап во тогашната формација. Прашан за иднината на новосоздадените материјали, Петревски вели дека ништо не е извесно.

„Со нас ништо не се знае. Како што можеше 11 години да не нема на сцена, така може да се случи и да не снимиме ништо, но не би се зачудил да објавиме дури и три албуми едноподруго.“

Инаку, финалната вечер на „Таксират 2012“ следува по добро организираната Прва меѓународна музичка конференција на која за суштествени прашања од сферата на современата музика дебатираат над 400 истакнати експерти и во рамките на која на неколку сцени во градов се одржаа 40 концертни настапи главно на млади бендови, потем по сензуалниот перформанс на Французите „Нувел ваг“ во клубот „Колосеум“ и конечно по одличниот „позитивен концерт“ на „Суперхикс“ кои со перформанс за паметење го одбележаа своето творечко полнолетство.
XS
SM
MD
LG