Достапни линкови

Попоски во Даблин се сретнал со Клинтон


Министерот за надворешни работи Никола Попоски на состанок на ОБСЕ во Даблин, побара поддршка од неговите европски колеги Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство во Унијата, јавува новинската агенција МИА.
Попоски на маргините на Самитот разговарал и со државниот секретар на САД Хилари Клинтон. Тој за МИА изјавил дека САД и натаму останува главен поддржувач на Македонија за ЕУ и НАТО и дека Вашингтон сака да ја види земјава час поскоро како членка во двете организации.
XS
SM
MD
LG