Достапни линкови

Јашаревиќ осуден на 18 години затвор


Судот во БиХ го осуди Мевлид Јашаревиќ на 18 години затворска казна за нападот што го изврши врз американската амбасада во Сараево. Второобвинетите Емрах Фојница и Муниб Ахметспахиќ се ослободени од обвинението за органзиацаија на терористичка група поради недостиг на докази. Јашаревиќ, на 28 октомври пукаше кон амбасадата на САД во Сараево, при што рани еден полицаец од обезбедувањето. Самиот тој, исто така, беше ранет во нога од снајперист, кој и ја прекина неговата 50-минутна пукотница. Тој е роден 1988 година и е припадник на вахабистичкото движење.
XS
SM
MD
LG