Достапни линкови

Сакаашвили помилува 250 затвореници


Грузискиот претседател Михаил Саакашвили

Грузискиот претседател Михаил Саакашвили

Грузискиот претседател Михаил Саакашвили денеска помилува 250 затвореници. Одлуката доаѓа откако парламентот прогласи 190 осуденици за политички затвореници. Шефот на грузискиот парламентарен комитет за човекови права Ека Беселиа изјави дека законот за амнестија е предложен и дека наскоро помилуваните затвореници ќе бидат на слобода. Собранието чие мнозинство е сочинето од опонентите на Саакашвили, коалицијата „Грузиски сон “ донесе одлука со која 25 Грузици кои живеат надвор од границите на нивната татковина се именувани како политички бегалци. Голем дел од листата на политички затвореници се осудени за време на владеењето на Саакашвили.
XS
SM
MD
LG