Достапни линкови

Градоначалникот на Марибор си поднесе оставка


Протестите во Марибор

Протестите во Марибор

Градоначалникот на словенечкиот град Марибор Франц Канглер денеска си поднесе оставка по притисокот од јавноста поради обвиненијата за корупција. Новинските агенции јавуваат дека Канглер ќе ја напушти градоначалничката фотелја на 31 декември. Критичарите го обвинуваа дека е корумпиран, по што во изминативе неколку денови илјадници жители на Маробор излегоа на протести кои ескалираа со насилство. Тие демонстрации ги инспирираа граѓаните на Словенија и во други градови да излезат на протести против корупцијата во „политичката елита“ за време на економска криза.
XS
SM
MD
LG