Достапни линкови

Подржувачите на Морси се повлекоа од протестот


Подржувачите на египетскиот претседател Мухамед Морси го завршија нивниот протест пред претседателската палата во Каиро откако неколку тенкови и оклопни возила биле поставени поради синоќешните судири. Египетската војска постави ултиматум до опозициските демонстранти за неколку часа да си заминат од претседателската палата во Каиро или ќе употребат сила.
Одлуката доаѓа откако Морси се сретна со министерот за одбрана и неколку членови од владиниот кабинет во обид да се разреши настанатата криза.
Во судирите меѓу приврзаниците и опонентите на Морси загинале 3 лица, а над 350 биле ранети.Опонентите на Морси протестираат против неговиот декрет со кој тој добива неограничена моќ, како и против нацрт Уставот кој, според нив, ќе ја турне земјата во исламистичко општество. Вчера најмалку тројца советници на Морси поднесоа оставки поради начинот на кој се справува со кризата.
XS
SM
MD
LG