Достапни линкови

Хелсиншки комитет загрижен за постапките на Министерството за здравство


Хелсиншкиот комитет денеска изрази загриженост поради, како што е наведено во писмената реакција, злоупотребата на надлежностите на Министерството за здравство со кои преку таканаречени легални мерки го попречува уставното право на штрајк. Во соопштението е наведено дека објавувањето на лични податоци на лекари со најголеми прекршоци на „ѕидот на срамот“, поставување на камери во несоодветни простории во здравствените установи, идејата за „црвен телефон“ и воведувањето на моделот за плаќање по успешност и други дејствија што претходеа на штрајкот на лекарите претставуваа форми на притисок од страна на државата што никако не можат да се дефинираат како демократски. Во продолжение е наведено дека Хелсиншкиот комитет го повикува Министерството да престане со загушувањето на штрајкот, притисоците, заканите, политичкото етикетирање и да започне итни преговори со Самостојниот синдикат и сите засегнати страни заради изнаоѓање прифатливо решение кое ќе резултира со измени во постоечките колективни договори и договорите за вработување.
XS
SM
MD
LG