Достапни линкови

logo-print

Шукри Алија е ментор на радикалите во Македонија


Апсењето на осомничените во случајот со петкратното убиство во Смиљковци, кај железарското езеро 01 мај 2012.

Апсењето на осомничените во случајот со петкратното убиство во Смиљковци, кај железарското езеро 01 мај 2012.

Полицијата нема цврсти докази дека уапсениот Шукри Алија е организатор на операцијата Монструм и е директно инволвиран во случајот, но не ја исклучува можноста дека токму тој е главниот ментор на трагичниот настан кај Смиљковското Езеро.

Иако полицијата тврди дека не располага со цврсти докази дека уапсениот Шукри Алија, кој вчера беше екстрадиран од Косово во земјава е организатор на операцијата Монструм и е директно инволвиран во случајот, од МВР не ја исклучуваат можноста дека токму тој е главниот ментор на трагичниот настан кај Смиљковското Езеро.
До сега немаме цврст доказ за да го врземе дирекно него како нарачател, организатор и така натаму, но не можеме да исклучиме дека тој на некаков начин е инволвиран со оглед на фактот дека малтене им е идеолог и ментор, не само на тие четири пет луѓе, не само на радикалните структури во Македонија, туку и пошироко.


„До сега немаме цврст доказ за да го врземе дирекно него како нарачател, организатор и така натаму, но не можеме да исклучиме дека тој на некаков начин е инволвиран со оглед на фактот дека малтене им е идеолог и ментор, не само на тие четири пет луѓе, не само на радикалните структури во Македонија, туку и пошироко“, вели Иво Котевски од МВР.
Министерството за внатрешни работи на Македонија го уапсен Шукри Алија, лице осомничено дека е иницијатор на нередите и протестите по полициската акција „Монструм“.

Министерството за внатрешни работи на Македонија го уапсен Шукри Алија, лице осомничено дека е иницијатор на нередите и протестите по полициската акција „Монструм“.


Полицијата соопштува дека Алија е пријавен поради основано сомнение дека заедно со други следбеници на радикалниот ислам преку насилство и малтретирање на имами се обидувал да ги заплашува припадниците на ИВЗ, а се јавува и како лице за кое постојат индиции дека е инволвирано во голем број тешки кривични дела извршени во Македонија. По операцијата Монструм тој беше еден од оние кои на социјалните мрежи повикуваа на масовни протести против акцијата на полицијата, порачувајќи им на исламистичките групи да ја оневозможат работата на безбедносните сили.
Секогаш против ваквите радикални, не само исламистички и останатите други верски настојувања во секое општество, треба да се има големо внимание бидејќи тие многу лесно може да прераснат во терористичка организација со преземање на терористички акции.

Упатените велат дека овој случај само го потврдува фактот дека во земјата постојат радикални групации кои во зависност од условите понекогаш се поизразени, а некогаш не се забележуваат.

„Секогаш против ваквите радикални, не само исламистички и останатите други верски настојувања во секое општество, треба да се има големо внимание бидејќи тие многу лесно може да прераснат во терористичка организација со преземање на терористички акции“, изјави поранешниот разузнавач Владимир Пивоваров.

Тоа што уапсениот Алија кој важи за голем следбеник на радикалниот ислам дејствувал на оваа територија значи дека истиот има свои соработници на овој терен, анализира Пивоваров. Оттаму опасноста дека овие групации можат да посегнат кон терористички акти е присутна и реална.

„Тие функционираат на познатиот принцип на тројки, значи тие постојат, тоа е нормално, секако дека нашите безбедносни служби си ја вршат својата работа, ги следат ваквите организации, го предупредуваат државното раководство за можни акции и со самото тоа ние не сме имуни на оваа појава.“

Во меѓувреме Демократската Унија за интеграција преку соопштение реагираше на како што се вели злоупотребата на приведените од случајот „Монструм“ за предизборни цели од страна на кандидатот за градоначалник на Струга од ДПА. Интегративците уверуваат дека како партија ќе гарантираат објективност и непристрасност во судскиот процес за Монструм.

Инаку акцијата беше спроведена на 1 мај годинава, откако на 13 април кај езерото Смиљковци свирепо беа убиени пет лица. Увидот покажа дека тие биле убиени со повеќе истрели од автомати и пиштоли во непосредна близина. Полицијата уапси 20 лица кои беа осомничени како директни учесници или логистика. Почетокот на судскиот процес за акцијата „Монструм“ е закажан за 20 декември.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG