Достапни линкови

Германија испраќа ракети Патриот за Турција


Германскиот кабинет го одобри испраќањето ракети од типот Патриот на турска територија со цел да бидат предупредени евентуални закани од Сирија. Според одлуката, Германија треба да испрати две против воздушни единици со 400 војници кои во Турција треба да пристигнат во наредните неколку недели. Претходно оваа одлука треба да биде одобрена и од германскиот парламент. Турција побара заштита од НАТО откако беше интензивиран бројот на гранатни напади од Сирија каде што 20 месеци трае конфликтот меѓу сиријските војници и бунтовниците против режимот на претседателот Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG