Достапни линкови

Тенкови пред претседателската палата во Каиро


Каиро

Каиро

Неколку тенкови и оклопни возила денеска биле распоредени пред палатата на египетскиот претседател во Каиро, јавуваат новинските агенции. До ова дошло откако таму претходно имало судири меѓу приврзаниците и опонентите на претседателот Мухамед Морси. Во судирите загинале три лица, додека над 350 биле ранети. Опонентите на Морси протестираат против неговиот декрет со кој тој добива неограничена моќ, како и против нацрт Уставот кој, според нив, ќе ја турне земјата во исламистичко општество. Вчера најмалку тројца советници на Морси поднесоа оставки поради начинот на кој се справува со кризата.
XS
SM
MD
LG