Достапни линкови

Повторно актуелно можното враќање на визите за балканските земји


ЕУ ќе може повторно да воведе привремена обврска за вадење визи за пет држави од Балканот, како дел од борбата против неоснованите барања за азил на граѓани од овие држави, јавија западни медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори. Со Европскиот парламент е постигнат договор за одредба со која ќе се овозможи привремено враќање на визите во случај на злоупотреби. Таа одредба може да стапи во сила на почетокот на следната година, наведува дипломатскиот извор. Шест држави од ЕУ - Германија, Австрија, Белгија, Франција, Луксембург и Холандија, бараат можност за повторно воведување визи за Србија, Црна Гора, Македонија, БиХ и Албанија, како протест поради се поголемиот број неосновани барања за азил на граѓани од овие држави.
Постигнат е компромисен договор меѓу државите и ЕП, што се очекува да даде можност за прифаќање на оваа одредба во скоро време.
Воведувањето ќе биде поврзано со комплексна процедура. Злоупотребата ќе треба да се констатира од ЕК која подоцна ќе предложи привремен прекин од шест месеци за безвизен режим за соодветна држава. Потоа ќе биде потребно одобрување од владите со мнозинство гласови.
XS
SM
MD
LG