Достапни линкови

Плевнелиев: поддршката за Македонија не е безусловна


Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев повторно упати критики кон Македонија за, како што вели, „недостигот на добрососедски однос и за националистичка реторика“, јави МИА. На средба со странски новинари во Софија, како што пренесуваат бугарските медиуми, Плевнелиев рекол дека поддршката на Бугарија на евроинтеграцискиот пат на Македонија не е безусловна. Според него, Извешатајот на ЕК не ја прикажува на вистински начин улогата на Македонија во регионалната соработка.
Софија не се согласува со заклучокот на ЕК дека односите меѓу Бугарија и Македонија претставуваат пример за добрососедска соработка и оти се перфектни. Бугарскиот претседател истакнал дека жали поради „се поострата националистичка реторика, дискриминаторскиот став кон граѓаните кои се изјаснуваат како Бугари и за тешкотиите што ги имаат бугарските бизнисмени кои работат во Македонија“.
XS
SM
MD
LG