Достапни линкови

Русија го критикува Хашкиот трибунал


Виталиј Чуркин

Виталиј Чуркин

Русија го критикува Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија. Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин ги нагласи неодамнешните одлуки на судот, со кои беа ослободени двајца хрватски генерали обвинети за воени злосторства за време на војната во 1990-те години. Чуркин исто така го спомна и ослободувањето на поранешниот командант на ОВК Рамуш Харадинај.
Во обраќањето во Советот за безбедност на ОН, Чуркин рече дека овие одлуки значат оти никој не е одговорен за убиствата и протерувањето на српски цивили за време на хрватската воена офанзива во 1995, или за убиствата и мачењето на Србите и нивните поддржувачи во косовската војна за независност.
Главниот обвинител на Трибуналот Серж Брамерц изјави дека сериозни кривични дела биле документирани во двата случаја, додавајќи оти жртвите имаат право на правда.
XS
SM
MD
LG