Достапни линкови

logo-print

Американско беспилотно летало уби двајца милитанти во Пакистан


Пакистанските безбедносни сили соопштија дека во напад на американско беспилотно летало се убиени двајца осомничени милитанти во северозападен Пакистан. Официјални претставници соопштија дека целта на нападот, кој бил изведен рано изутринава, биле делови од селото Мубарак Шахи, односно згради кои биле користени од милитанти.
Ваквите напади се непопуларни во Пакистан, откако владата ги критикуваше дека го нарушуваат суверенитетот на земјата, но претставници на САД веруваат дека тие се моќно оружје против исламските милитанти.
XS
SM
MD
LG