Достапни линкови

Земјотрес во Иран, најмалку 8 загинати


Земјотрес со интензитет од 5,5 степени вчера го погоди источен Иран, при што загинале најмалку 8 лица, а 12 биле повредени. Агенциите јавуваат дека има урнати згради во областите погодени од земјотресот во провинцијата Јужен Корасан.
Во оваа област се упатени 15 спасувачки екипи на Црвената полумесечина, а официјален претставник во Техеран изрази страхување дека со доаѓањето на спасувачите во овие региони, би можел да расте и бројот на пронајдени жртви.
XS
SM
MD
LG