Достапни линкови

logo-print

Форбс: Обама најмоќен човек во светот


Американскиот претседател Барак Обама ја предводи листата на магазинот Форбс на најмоќни луѓе во светот, втора година по ред. На второто и третото место се германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин. На листата има 71 име, односно по 1 човек на 100 милиони луѓе, со оглед на тоа што во светот има приближно 7,1 милијарда жители.
Меѓу 10-темина најмоќни се наоѓаат и сопственикот на Мајкрософт Бил Гејтс, папата Бенедикт XVI, шефот на американските федерални резерви Бен Бернанке, претседателот на Европската банка Марио Драги, саудискиот крал Абдула, британскиот премиер Дејвид Камерон и лидерот на кинеската Комунистичка партија Кси Џинпинг.
XS
SM
MD
LG