Достапни линкови

Приштина екстрадираше во Скопје осомничен радикален исламист


Од Косово во Македонија денеска е екстрадиран осомничен за неколку кривични дела и пренесен во Истражниот суд во Скопје. Приведениот е фатен минатиот месец во Косово по меѓународна потерница која била испишана по правосилна пресуда за насилство врз неколку имами, што во јавноста беше протолкувано дека радидикални структури се обидуваат да извршат притисок врз Исламската верска заеднца.
Од МВР за Телма потврдија дека допрва ќе се истражува можноста за инволвираност на осомничениот во петкратното убиство кај Смилковското езеро, затоа што како што велат, не се исклучува можноста да имал некакво влијание врз сторителите на делото поради оперативните сознанија на полицијата според кои тој фигурира како еден од главните идеолози и ментори на следбениците на радикалниот исламизам во земјава.Според МВР тој се јавува како иницијатор на протестите и безредијата организирани по полициската акција „Монструм" кога беа уапсени обвинетите за убиството на петте лица и се сомничи дека им се заканувал на полицајците од албанска националност вработени во МВР, барајќи од нив да ја напуштат службата.
XS
SM
MD
LG