Достапни линкови

Предлогот на еврокомесарот Штефан Филе за датум за почеток на преговори на Македонија за членство во ЕУ, пред амбасадорите на земјите членки на Унијата. Филе на Конференцијата „Пријатели на ЕУ“ посочи дека е важно властите во Скопје да сфатат дека ЕУ нема магично решение за спорот за името.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска изјави дека е важно властите во Скопје да не веруваат дека решението за спорот за името лежи во креативноста на луѓето од Европската комисија или, пак, дека членовите на Советот ќе изнајдат магично решение.
Вие сте слободни да правите се што сакате, тоа е во ваши раце, а со тоа се разбира доаѓа и одговорноста за постапките, ако не ги земете предвид интересот, загриженоста на вашите соседи, бидејќи и тие исто така сакаат и имаат право да прават што сакаат. Но повторно за сето тоа се сноси одговорност. Добрососедските односи значат дека што и да правите, подобро е да го направите тоа со почит кон соседот.

Тој, во својот говор на конференцијата за Западен Балкан „Пријатели на ЕУ“, истакна дека решение е можно само со отворена политика кон соседите, на пример Грција или Бугарија.

„Среќен сум што гледам дека Грција направи важни чекори за напредок, „меморандумот за разбирање“ создава добра основа за придвижување и се надевам оти Скопје нема да ја пропушти таа шанса.“

Еврокомесарот додаде дека одблиску ја следел комуникацијата меѓу македонските и бугарските власти при којa се адресираат дел од отворените прашања меѓу двете земји, кои спаѓаат во категоријата на добрососедските односи.

По повод годишнината од донесувањето на Хашката пресуда во врска со македонско-грчкиот спор, Филе беше прашан од македонски претставник на Собранието:

„Дали имаме право колективно или индивидуално да се идентификуваме или да се именуваме себе си како што се чувствуваме, според владеењето на правото, затоа што, иако ЕУ ја поддржува земјата, Македонија на крајот секогаш е блокирана?“

И вие знаете, како и јас, дека одлуката на Хашкиот суд не се однесуваше за отворање на пристапни преговори за членство на земјата во ЕУ, одговори Филе.

„Вие сте слободни да правите се што сакате, тоа е во ваши раце, а со тоа се разбира доаѓа и одговорноста за постапките, ако не ги земете предвид интересот, загриженоста на вашите соседи, бидејќи и тие исто така сакаат и имаат право да прават што сакаат. Но повторно за сето тоа се сноси одговорност. Добрососедските односи значат дека што и да правите, подобро е да го направите тоа со почит кон соседот.“

Филе во претставувањето на напредокот на Македонија на евроитегративниот пат изјави дека со високиот дијалог, реформскиот процес е вратен на врвот на агендата.

Тој додаде дека досега се забележани позитиви резултати од реформскиот процес, но забележа дека пред да стапи во сила високиот дијалог, во земјата беа забележани националистички тенденции и недостаток на прогрес во евроатланските интергации. Но тоа сега е сменето, и европската агенда повторно е во фокусот на јавните дискусии. Еврокомесарот додаде дека за прв прв пат јасно се поставени условите и се создаде нова ситуација во која Комисијата препорача спорот за името да биде решен во раната фаза на преговорите за членство на ЕУ.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG