Достапни линкови

Со уметност против меѓуетничките поделби


Ученици од средното економско училиште Арсени Јовков од Скопје учествуваат во проект за интегрирано образование.

Ученици од средното економско училиште Арсени Јовков од Скопје учествуваат во проект за интегрирано образование.

Учениците од сите етнички заедници во средното училиште Арсени Јовков во Скопје снимаа кратки видео–приказни, преку кои учат за почитување на различностите.

Преку креативен пристап до меѓуетничка интеграција во образованието. Тоа е целта на проектот на УСАИД, Македонскиот институт за медиуми и Центарот за изведувачки уметности „Мултимедиа“, кој ќе трае четири години. Проектот започна во средното училиште Арсени Јовков, каде учениците од сите етнички заедници имаа за цел да изработат видео–приказни, преку кои учат за почитување на различностите.
Овој проект ме натера да се чувствувам подобро. Знаев некои Македонци од моето маало, ама во школо немав ниту еден пријател. Не ги познавав и неретко ги критикував и зборував лошо за нив. Сега, откако ги запознав, повеќе нема да зборувам лошо, бидејќи знам кој е, што е, и како е.

Учениците велат дека претходно имале предрасуди за другите заедници, но проектот им помогнал да се запознаат и да ги надминат.

„Ова е еден успех за нас, бидејќи ќе можеме и понатаму да се дружиме со нив.“

„Беше многу интересно да слушнеме што мислат сите за некои одредени работи за културата и секој си имаше сопствени интереси што си ги негуваше и ние тоа дефинитивно се научивме да го почитуваме“, велат ученички на македонски јазик.
Ова е практично пример за тоа дека стереотипите постојат меѓу етничките заедници што живеат во Македонија, но со еден креативен пристап тие граници се уриваат. Работите што ги спојуваат младите се исти, и кај Македонците, и кај Албанците, и кај Ромите, и кај Турците, проблемите што ги мачат се исти, потребите се исти.

„Овој проект ме натера да се чувствувам подобро. Знаев некои Македонци од моето маало, ама во школо немав ниту еден пријател. Не ги познавав и неретко ги критикував и зборував лошо за нив. Сега, откако ги запознав, повеќе нема да зборувам лошо, бидејќи знам кој е, што е, и како е“, вели ученик на албански јазик.

Директорката на училиштето Јованка Лековска Аспровска вели дека придобивката од проектот е видлива и е горда што училиштето е уникатен пример кој треба да го следат и другите.

„Училиштето е огромно, преку 2.500 ученици, децата се тука, учениците се тука, колективот е тука, може слободно да прашате и сметам дека се најкоректни, така што не се прави разлика кој од која етничка заедница е. Сите си го наоѓаат местото во училиштето“, вели Лековска Аспровска.

Виолета Симјановска од Мултимедиа вели дека преку овој креативен пристап се обезбедува простор за младите слободно да бидат тоа што се и да се поместат границите на стереотипите за посигурна иднина на сите во земјата.

„Ова е практично пример за тоа дека стереотипите постојат меѓу етничките заедници што живеат во Македонија, но со еден креативен пристап тие граници се уриваат. Работите што ги спојуваат младите се исти, и кај Македонците, и кај Албанците, и кај Ромите, и кај Турците, проблемите што ги мачат се исти, потребите се исти. Значи тие стереотипи малку се тргаат на страна и излегуваат вистинските вредности, вистинските работи“, вели Симјановска.

Проектот е во соработка со Министерството за образование и сите надлежни институции. Не само учениците, туку и професорите ќе се обучуваат за да се примени концептот на интегрирано образование во пракса.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG