Достапни линкови

logo-print

Нетaнјаху му се заблагодари на Нечас


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска при неговата посета на Прага
се сретна со чешкиот премиер Петр Нечас и лично му заблагодари за гласањето против унапредувањето на палестинскиот статус во ОН. Нетанјаху на заедничката конфренција со Нечас изјави дека Чешка со потегот се заложила за мир.
Чешка е единствена европска земја меѓу деветте земји кои што гласаа против палестинското барање во ОН, додека 138 гласаа „за“. Израел смета дека палестинците треба дирекно да преговараат со Израел а не преку унилатерлни акции. Следната дестинација на Нетанјаху ќе биде Германија каде што се очекува да се соочи со прашања за израелскиот план за изградба на еврејска населба во Источен Ерусалим.
XS
SM
MD
LG