Достапни линкови

Клинтон:Прашање на време е кога ќе падне сирискиот режим


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска изјави дека САД се загрижени оти „ зголемувањето на очајот “ кај претседателот Башар ал Асад може да го натера да употреби хемиско оружје, или пак со жестоките битки да изгуби контрола врз него. Клинтон изјави дека Вашингтон јасно и укажа на Сирија дека употреба на хемиско оружје е „црвената линија“ за САД. Таа додаде дека е прашање на време и прашање само уште колку луѓе ќе умрат додека да падне режимот на Асад. Министерите за надворешни работо на земјите членки на НАТО денеска се согласија да се постави антиракетниот систем Патриот во турција долж сириската граница со цел одбрана од можни сириски напади. Сирискиот конфликт денеска почна да се излева надвор од границите, односно се прелеа во соседниот Либан. Најмалку 5 луѓе беа убиени во северниот град Триполи во последниве 48 часа при битки меѓу вооружени сили.
XS
SM
MD
LG