Достапни линкови

Судири меѓу демонстранти во Каиро


Неколку илјади поддржувачи на египетскиот претседател Мухамед Морси ги избркаа демонстраторите кои поставија шатори во близина на претседателската палата во Каиро. Судири меѓу двете групи, поддржувачите на Морси и опозициските активисти биле забележани и на плоштадот во Каиро.
Муслиланското Братство повикаа на масовни демонстрации во знак на поддршка на Морси додека пак опозицијата со протести бара оставка од Морси поради декретот со кој си ги зголеми овластувањата и контроверзниот устав.
Египетскиот вицепремиер Махмуд Мекли денеска изјави дека спроведувањето на рефернедумот ќе се изврши според планираното на 15 декември а дотогаш има доволно време со опозицијата преку амандмани да се израмнат разликите.
XS
SM
MD
LG