Достапни линкови

Охридскиот градоначалник не сака Субрата Рој да гради во езерото


Проектот „Сахарајан Македонија“, што индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ на милијардерот Субрата Рој сака да го реализира во Македонија. Проектот предвидува изградба на туристичко-станбен комплекс кој ќе содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода...

Проектот „Сахарајан Македонија“, што индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ на милијардерот Субрата Рој сака да го реализира во Македонија. Проектот предвидува изградба на туристичко-станбен комплекс кој ќе содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода...

Зошто се сака сето тоа да се прави во вода, а не на копно? За да се избегне купување на земјиште за да може инвеститорот да не плати околу 10 милиони евра, рече охридскиот градоначалник Александар Петрески по најавите дека индискиот милијардер Субрата Рој сака да гради туристички компекс во Охрид.

Централната власт, со одземањето на ингеренциите на локалната самоуправа во однос на новоформираните туристички развојни зони каде треба да никнат новите инвестиции, прави упад во работењето на општина Охрид, реагираа советниците од општинското владејачко мнозинство на последната седница на охридскиот градски совет на која се разговараше за најавената инвестиција во Охрид за изградба на хотелско туристички комплекс на индискиот милијардер Субрата Рој.

Имам сознанија и дописи дека УНЕСКО веќе реагира и прави проблеми од сето тоа. Јас сакам иницијативата да дојде во Охрид и да се инвестира во Охрид. Зошто се сака сето тоа да се прави во вода, а не на копно? Сметам дека тоа се прави за да се избегне купување на приватното земјиште таму и она на црквата за да може инвеститорот да не плати околу 10 милиони евра, значи го штедиме инвеститорот.
Седницата донесе жолчна расправа со меѓусебни обвинувања кој е виновен за целата ситуација и кој колку има направено за Охрид. Градоначалникот Александар Петрески рече дека општината не е против оваа инвестиција, но оти нема да се согласи хотелскиот комплекс да се гради во самото езеро, бидејќи на тоа ќе реагира и УНЕСКО.

„Имам сознанија и дописи дека УНЕСКО веќе реагира и прави проблеми од сето тоа. Јас сакам иницијативата да дојде во Охрид и да се инвестира во Охрид. Зошто се сака сето тоа да се прави во вода, а не на копно? Сметам дека тоа се прави за да се избегне купување на приватното земјиште таму и она на црквата за да може инвеститорот да не плати околу 10 милиони евра, значи го штедиме инвеститорот“, рече Петрески.
Седница на Совет на општина Охрид.

Седница на Совет на општина Охрид.


Дејан Пановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Охрид рече дека некој сака свесно да манипулира со јавноста кога се во прашање најавените инвестиции.

„Ова е обид за една политичка фрустрација што некој дава идеи, а некој со години не можел да даде и да спроведе ниту една идеја и инвестиција во Охрид. Се работи за свесна манипулација со настаните кои треба да следат. Уште еднаш се покажа дека Охрид се користи за такви манипулации, а не да се направи нешто“, рече Пановски.

Охрид од страна на државата во изминативе неколку години беше целосно запоставен, а она што сега се најавува е маркетиншки трик, рече Јоне Станковски, советник од ВМРО-Народна партија.

„Зошто сега еден ваков мега проект во Охрид, во еден од најубавите делови на крајбрежјето? Зошто после ова се најави и автопат кој беше најавен уште од 2006? Ова е исто како што беше најавено пред изборите во 2006 година фабрика за автомобили во Охрид. Дали ова е само политички блеф пред секои избори?“, праша Станковски.

Советниците изразија надеж дека инвеститорот ќе дојде лично во Охрид и пред советот, експертската јавност и пред граѓаните лично ќе го презентира проектот.
XS
SM
MD
LG