Достапни линкови

Филе: ЕУ нема магично решение за спорот за името


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска изјави дека е важно властите во Скопје да не веруваат дека решението за спорот за името лежи во креативноста на луѓето од Европската комисија или, пак, дека членовите на Советот ќе изнајдат магично решение. Тој, во својот говор на конференцијата за Западен Балкан „Пријатели на ЕУ“, истакна дека решение е можно само со отворена политика кон соседите, на пример Грција или Бугарија.

Филе истакна дека е среќен оти Грција направи важни чекори за напредок и дека меморандумот е добра основа за придвижување и се надева оти Скопје нема да ја пропушти таа шанса.

Еврокомсарот додаде дека одблиску ја следел комуникацијата меѓу македонските и бугарските власти при којa се адресираат дел од отворените прашања меѓу двете земји кои спаѓаат во категоријата на добрососедските односи.

Филе смета дека со дијалогот на високо ниво, реформите во Македонија повторно се ставија на врвот на агендата.
XS
SM
MD
LG