Достапни линкови

Аврамопулос:Проширувањето на НАТО е најважно прашање за Грција


Проширувањето на НАТО беше едно од најважните прашања за Грција на министерскиот состанок на НАТО, изјави грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос по денешната сесија на Алијансата во Брисел.
Тој истакна дека порастот на национализам и популизам во некои од соседни земји е извор на голема загриженост и дека јасно им ставил до знаење на сите страни дека таквото однесување не е прифатливо. Тој изјави дека земјите кандидати, без разлика дали бараат членство во НАТО или ЕУ, мора да ги почитуваат принципите и вредностите на Европа, попусти нема да се прават, и сите критериуми и услови мора да се исполнат.
XS
SM
MD
LG