Достапни линкови

Попоски учествуваше на НАТО состанокот во Брисел


Министерот за надворешни работи на Никола Попоски, денеска, во седиштето на НАТО во Брисел, учествуваше на министерскиот состанок на Северно-атлантскиот совет во ИСАФ-формат. Во соопштението од министертвото е наведено дека во своето обраќање на состанокот, министерот Попоски ја реафирмира подготвеноста на Македонија да продолжи да придонесува и по 2014. година во новата мисија за обука и помош на авганистанските партнери, во согласност со потребите на Алијансата и капацитетите и можностите на нашата земја. Тој изразил очекување дека во блиска иднина, македонската контрибуција во мисиите на НАТО ќе биде во својство на земја-полноправна членка на Алијансата.
XS
SM
MD
LG