Достапни линкови

logo-print

Најави за ривалски демонстрации во Каиро


Поддржувачите на египетскиот претседател Мухамед Морси и опозициските активисти најавија ривалски демонстрации пред претседателската палата во Каиро.
Муслиманското Братство повика на масовни демонстрации во знак на поддршка на претседателот. Опозицијата пак повика на протести против декретот на Морси со кој тој си ги зголеми овластвувањата и против контроверзниот предлог устав.
Вчера илјадници опозициски демонстранти побараа оставка од претседателот.
Морси најави дека референдумот за предлог уставот ќе се оддржи на 15 декември .
На пресконфернција во Брисел американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека дијалогот за уставот е неопходен во Египет, затоа што со него треба да се почитуваат и заштитат правата на сите граѓани.
XS
SM
MD
LG