Достапни линкови

Дачиќ и Расмусен изразија сочувство за смртта на Милинковиќ


Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска изрази сочувство за смртта на српскиот амбасадор во НАТО Бранислав Милинковиќ кој синоќа изврши самоубиство во Брисел. Дачиќ додаде дека се уште не се познати причините зошто амбасадорот се самоуби, а истрагата на белгиската полиција е во тек. Портпаролката на генералниот секретар на НАТО Адрес Фог Расмусен, Кармен Ромеро изрази длабоко жалење за трагичниот настан и изјави дека Миленковиќ бил многу почитуван претставник на својата земја во Алијансата и дека ќе им недостасува на неговите колеги во седиштето на НАТО во Брисел. Милинковиќ на 52-годишна возраст синоќа се самоуби на аеродромот во Брисел.
XS
SM
MD
LG