Достапни линкови

Пронајдена нова масовна гробница во БиХ


Пронајдена е нова масовна гробница во местото Мишевиќи, во близина Хаџиќ, за која се претпоставува дека таму се закопани Бошњаци убиени во 1992 година.
Со ексхумацијата раководи Обвинителството на Босна и Херцеговина, а на местото се присуствуваат и семејствата на убиените во Хаџиќи, кои се уште се водат како исчезнати. Масовната гробница се наоѓа покрај пат, на неколку стотина метри од населбата, а посмртните останки се пронајдени на длабочина од 30 сантиметри
под земја.
XS
SM
MD
LG