Достапни линкови

Сенатот на САД дебатира за нормализирање на трговијата со Русија


Американскиот сенат денеска дискутира за легислатива со која ќе се стави крај на рестрикциите од ерата на Студената војна кои се однесуваат на трговијата со Русија, и санкциите за обвинетите за злоупотреба на човекови права. Минатиот месец Претставничкиот дом на Конгресот одобри легислатива со која дозволува нормални трговски односи со Русија.
Таквата легислатива ќе им помогне на американските компании да се стекнат со бенефиции од влезот на Русија во СТО (Светската трговска организација).
Но со неа се предвидува и замрзнување на сметките и одбивање виза за руските функционери за кои постои сомневање дека се инволвирани во смртта на антикорупуцикиот адвокат Сергеј Магнитски.
XS
SM
MD
LG