Достапни линкови

За Иванов и Нишани инцидентите во Албанија се неприфатливи


Последните инциденти за време на посетата на премиерот Никола Груевски на Албанија и палењето на македонски знамиња во Тирана се неприфатливи и неодговорни, а сторителите треба институционано да се санкционираат, за да не биде испратена лоша порака. Ова е заклучокот од средбата на претседателот Ѓорѓи Иванов и неговиот албански колега Бујар Нишани јавува новинската агенција МИА. Тие денеска се сретнааа на маргините на 4-тиот Регионален претседателски самит во Будва на тема „Соработка кон напредок – предизвици и одговори“. Иванов ја прифатил поканата на Нишани следната година да ја посети Албанија. Иванов на маргините на самитот се сретна и со косовската претседателка Атифете Јахјага со која разговараше за билатерлните односи.
XS
SM
MD
LG