Достапни линкови

Турските сили убиле 13 курдски милитанти


Регион населен претежно со курди

Регион населен претежно со курди

Турските сили за безбедност убиле 13 милитанти на Курдската работничка партија во операција во јужна Турција, јави турската телевизија Си Ен Ен-Турк.
Во соопштението на канцеларијата на локалниот валија се наведува дека во заедничката акција на турската жандармерија и полиција, на 3 декември, исто така, биле приведени петмина терористи.
Сепаратистите од ПКК од 1984 година се борат за автономија во југоисточниот дел на Турција, населен главно со Курди. Десетици илјади лица од тогаш се загинати во судирите со армијата.
XS
SM
MD
LG