Достапни линкови

Српскиот амбасадор во НАТО се самоуби


Амбасадорот на Србија во НАТО, Бранислав Милинковиќ, се самоубил синоќа на аеродромот во Брисел. Мотивите за самоубиството, според српските медиуми. се уште не се познати. Милинковиќ самоубиството го извршил скокајќи од паркингот, пред очите на помошникот министер за надворшени работи на Србија, Зоран Вујиќ, кој е одговорен за одделот за безбедносна политика.
Пред да биде назначен за амбасадор во НАТО, Милинковиќ бил амбасадор на Србија и Црна Гора во ОБСЕ во Виена, а потоа и специјален пратеник во седиштетото на НАТО, по што во 2009 година е назначен за амбасадор.
XS
SM
MD
LG