Достапни линкови

Харадинај сака да биде премиер на Косово


Поранешниот командант на ОВК, Рамуш Харадинај, изјави дека очекува да биде нов косовски премиер и дека за тоа ќе разговара со сегашниот претседател на косовската влада Хашим Тачи.
Харадинај, кој минатата недела во Хаг беше ослободен од обвинувањата за воени злосторства, вчера изјави дека во следните денови ќе ги почне разговорите со косовскиот премиер за приклучување на неговата партија Алијанса за иднината на Косово кон косовската влада.
Харадинај изјави дека е подготвен, во рамки на дијалгоот меѓу Белград и Приштина, да се сретне со премиерот на Србија, Ивица Дачиќ.
XS
SM
MD
LG