Достапни линкови

logo-print

Вербални препирки меѓу Атина и Тирана


Сали Бериша

Сали Бериша

Албанскиот министер за надворешни работи Едмонд Панарити изјави дека откажувањето на посетата на Тирана од страна на шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос е „наивна реакција“ и го повика „да не биде жртва на националистичка реторика“.
Портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас веднаш реагираше на ваквата изјава и рече дека „Панарити е во право кога вели дека е ирационално и наивно кога некој зборува за територијални претензии на Албанија кон Грција“.
Како што јави МИА од Атина вербалните препирки почнаа минатата недела кога албанскиот премиер Сали Бериша на централната прослава во Валона по повод 100-годишнината од независноста на Албанија, зборувал за „независност на сите албански територии, од Превеза до Прешево, од Скопје до Подгорица“.
XS
SM
MD
LG