Достапни линкови

Ситуацијата на северот на Косово нестабилна


Андерс Фог Расмусен, генерален секретар на НАТО

Андерс Фог Расмусен, генерален секретар на НАТО

Ситуацијата на северот на Косово е нестабилна, изјави по завршувањето на првиот ден од министерскиот совет на НАТО во Брисел генералниот секретар Андерс Фог Расмусен и ги повика двете страни да најдат политичко решение.
-Го поздравуваме општото подобрување на безбедноста, но сме свесни дека ситуацијата на северот е се уште нестабилна, рече Расмусен и додаде дека поради тоа нема да има намалување на бројноста на КФОР.
Тој го поздрави дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина и ги повика двете страни да продолжат да работат на изнаоќање на политичко решение.
XS
SM
MD
LG