Достапни линкови

logo-print

Две третини од државите во светот корумпирани


Според антикорупциската организација Транспаренси Интернешнал, високото ниво на поткуп, злоупотреба на моќ, и тајни зделки продолжуваат да "пустошат" во државите ширум светот и покрај зголемената јавна осуда за корумпираните влади.
Годинешниот индекс на перцепција за корупцијата, покажува дека две третини од 176 земји од страна на граѓаните се перцепираат како високо корумпирани. Од Транспаренси соопштуваат дека наодите укажуваат на зголемената јавна побарувачка од институциите и официјалните лица да бидат повеќе транспарентни и одговорни. Исто така приоритети се посилни правила за лобирање и политичко финансирање, и поголема транспарентност за јавните трошоци и склучувањето договори. Авганистан уште еднаш е на дното на индексот за перцепција на корупцијата. Русија и поранешните советски републики, исто така, бележат лоши резултати освен Грузија, која покажала подобрување.
XS
SM
MD
LG