Достапни линкови

Нетанјаху во Прага


Бенјамин Нетанјаху

Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е во посета на Прага за лично да им се заблагодари на чешките лидери за гласањето против надградба на меѓународниот статус на Палестина од "не-членка" во „држава посматрач“ во Обединетите Нации. Нетанјаху се очекува да се сретне со чешкиот премиер Петр Нечас. Чешка, САД, Канада и Израел беа меѓу само девет држави кои гласаа против палестинскиот обид, додека 138 земји гласаа за. Чешката Република е единствената европска држава да гласаат против. Израел соопшти дека со палестинската држава треба да се преговара во директни разговори со Израел, а не преку еднострани акции. Од Прага, Нетанјаху продолжува во Германија, каде што се очекува да се соочи со прашања околу израелските планови за изградба на повеќе израелски станбени единици на земјиштето кое Палестинците го сакаат за идна држава.
XS
SM
MD
LG