Достапни линкови

logo-print

Почина најстарата жена во светот


Жената за која се верува дека е најстариот човек на светот почина во американската држава Џорџија, на возраст од 116. Нејзиниот син изјави дека Бес Купер мирно почина во вторникот во својот дом во градот Монро, источно од Атланта. Во Гинисовата книга на рекорди пишува дека Купер е родена на 26 Август, 1896, во Тенеси. Според извештаите имала четири деца со нејзиниот сопруг Лутер и 12 внуци. Најстарата личност во светот сега е 115 годишната Дина Mанфредини, која живее во американската држава Ајова.
XS
SM
MD
LG