Достапни линкови

Потона товарен брод кај Истанбул, тројца мртви


Најмалку три лица загинаа, а девет се водат како исчезнати откако товарниот брод „Волго Балт 199“, со украински и руски екипаж, потонал во бурата во Црното Море, во близина на Истанбул. Меѓу загинатите лица се и двајца спасувачи кои го загубиле животот кога нивниот чамец се скршил од карпата во разбрануваното море, додека оделе во потрага по преживеаните, соопшти турската бродска компанија ГАЦ.
Уште двајца спасувачи се водат за исчезнати.
XS
SM
MD
LG