Достапни линкови

Грција доби уште две години за намалување на буџетскиот дефицит


Министрите за финансии на земјите членки на Европската унија дадоа две години дополнително време на Грција за намалување на буџетскиот дефицит до 3 проценти од бруто домашниот производ, се наведува во соопштение од седницата на Советот на ЕУ за економија и финансии.
- ЕКОФИН усогласи нови рокови за финансиска консолидација на Грција, според кои Атина треба да го намали нивото на буџетскиот дефицит до 3 проценти од БДП во 2016 година, пишува во соопштението.
Претходно се очекуваше Грција да го намали буџетскиот дефицит до 3 проценти од БДП во 2014 година. Според податоците на Еуростат буџетскиот дефицит за оваа година ќе биде околу 9 проценти од БДП.
XS
SM
MD
LG