Достапни линкови

Бузлевски „распали“ по Црвенковски и Бучковски


Ресен

Ресен

Поранешниот градоначалник на Ресен, Димитар Бузлевски во својот говор по повод промоцијата на неговата самостојна кандидатура за престојните локални избори, изјави дека тоа што го поврзуваат со некакви кривични пријави е ноторна лага, затоа во 2005 и 2006 година кога се случува аферата „Телеком“ бил градоначаник и како што вели, немал значајна фунција за да може да влијае врз носењето одлуки и закони.
Бузлевски изјави дека едниот од одговорните во тоа време бил претседател на држава а другиот на влада и тие имале средби со Грци и со Унгарци, а нивни кумови и школски другари биле на истурени функции и ја креирале политиката. Т
ој додаде дека му е нејасно како го поврзуваат случајот со непознат сторител, а целата власт била кај нив двајца, а за да го препознаат сторителот нека се погледат во огледало.
„Крајно време е тие двајца да ги расчистат сметките и да не ја држат партијата во залог, затоа што се ближат избори а јас нивното оро нема да го играм.“ изјави Бузлевски.
XS
SM
MD
LG