Достапни линкови

logo-print

Протестите во Каиро не стивнуваат


Илјадници опозициски активисти излегоа на протести во Египет против претседателот Мухамед Морси поради декретот со кој си ги зголеми ингеренциите и поради контровезрниот предлог устав. Демонстрантите извикуваа дека Морси „ја продал револуцијата“ со која беше соборен долгогодишниот лидер Хосни Мубарак. Декретот на Морси и контроверзниот предлог устав предизвикаа масовни протести. Предлог уставот ја продлабочи политичката и иделошка битка меѓу Муслиманското братство и секуларната опозиција.
XS
SM
MD
LG